Основачот на Tesla и Space X не е љубител на визијата за светот во кој автомобилите ќе летаат, бидејќи е уверен дека претставуваат закана за нашата безбедност на малку вообичаен начин.
“Милијарда од тие работи ќе летаат насекаде. Неминовно ќе се случи дека некој нема да го сервисира својот автомобил како што треба, па ќе излета раткапна и на некого ќе му ја отсече главата како гилотина”, изјави Елон Маск во текот на настанот во организација на неговата компанија Boring.
При тоа, не појасни зошто на летачките автомобили воопшто би им биле потребни раткапни (освен поради ретро изгледот, евентуално), како ни кога ваквите автомобили би можеле да станат секојдневие.