Отстранувањето на рамките околу дисплеите е еден од водечките трендови на пазарот на паметни телефони во изминатата година. Огромниот интерес на корисниците веќе ги натера компаниите да достават свои модели со Android и дисплеи со минимални рамки на пазарот. Кинеските производители почнаа активно да развиваат нова генерација панели за смартфони кои освен недостатокот на рамки поддржуваат и сооднос на екранот од 18:9. Новите дисплеи се доволно евтини за да можат да се користат дури и од моделите од понискиот ценовен сегмент.
Според информациите на Digitimes, панелите со новата модерна визија може да се користат не само од најскапите уреди, но исто така од моделите со Android во етиниот сегмент, кои поддржуваат резолуција од 800х480 пиксели. Речиси целосно отстранување на рамките околу екранот ќе ги принуди да имаат поиздолжен форм-фактор, но и елегантен дизајн. Се работи засилено на оптимизацијата на панели за HD резолуција од 1280х720 пиксели и сите производствени технологии за дисплеи како LCD, IPS, IGZO и AMOLED.
На крајот на краиштата, овие процеси ќе доведат до повеќе уреди со дисплеи со минимална рамка и со цена од 200 долари. Ова ќе им овозможи на повеќе луѓе да ги испробаат можностите на слични технологии. Кинеските производители веќе тестираат и прототипи на флексибилни AMOLED дисплеи кои многумина ги определуваат за следната голема иновација во технолошката индустрија. Се чини дека паметните телефони ќе станат подобри, поелегални и поевтини во месеците до крајот на 2018 година.
Поврзани артикли