AOC I1601FWUX e 15.6-инчен USB-C монитор, кој користи 1080p IPS панел и едноставен сталак, за да им обезбеди на корисниците секундарен дисплеј кој е пренослив. USB Type-C нуди напојување и пренос на податоци истовремено, овозможувајќи му на мониторот да донесе полна 1080p 60FPS репродукција со типична потрошувачка од 8W.
Овој пренослив дисплеј е тежок 830 грама и се испорачува со поддршка за Windows 10/8.1. Екранот е со дебелина од 8,5 милиметри, што го прави лесен за носење во поголем дел од торбите за лаптопи. Самиот дисплеј нуди агли на гледање од 160/160 степени и 220 cd/m² осветлување, што е подобно за повеќето работни опкружувања.
AOC I1601FWUX преносливиот USB-C монитор од овој месец ќе биде достапен на пазарот во Европа, по цена од околу 220 евра.