Австралиската компанија Titomic оваа недела го презентираше најголемиот 3D печатач за метал. Со големина, колку еден патнички автобус, овој рекордно голем печатач работи побрзо од неговите досегашни верзии.
Како што тврдат од австралиската компанија, уредот може да испечати рамка за велосипед за само 25 минути.
Гигантскиот печатач е способен да произведе детали големи и до девет метри. Според раководителот на Titomic, компанијата веќе најде и купувачи кои со не а ќе почнат да произведуваат (печатат) 3D бродски делови.
Во изминатите неколку години, 3D печатачите прават пробив во индустријата, заедно со нивните домашни апликации, и овој процес е поттикнат од намалените цени на уредите. Актуелните 3D печатачи можат да печатат детали од различни материјали, вкучувајќи и метал.