Samsung објави дека годинашниот Galaxy Note 9 ќе пристигне со Bixby верзијата 2.0 која ќе нуди подобрени можности на природниот јазик. Асистентот ќе може да одговара побрзо на прашањата и ќе може да го слушне корисникот дури и во бучни опкружувања. Покрај ова, новата верзија ќе биде побогата со функции од Bixby v1.0.
Секако, имплементацијата на сето наведено не е лесна задача, а јужнокорејската компанија планира да ја прошири својата AI дивизија на 1000 работници, како и да отвори AI центри ширум светот. Samsung дури и ќе разгледа спојување и купување на фирми за да ги засили своите напори со екстерни таленти.
Bixby ќе биде во вистински налет – оваа година AI асистентот се очекува на преку 14 милиони уреди, доколку се оди според планот. До 2020. година, сите уреди на Samsung ќе го користат Bixby за паметниот дом на иднината.
Samsung Galaxy Note 9 би можел да биде претставен во август, со оглед на тоа дека јужнокорејскиот производител ги забрза своите планови на објава на нови уреди.
Поврзани артикли