Snapchat воведува реклами од 6 секунди што не можат да се прескокнат

Доколку сте наишле на реклама на Snapchat која не можете да ја прескокнете, тоа не е поради некој проблем со апликацијата. Компанијата само што почна со тестирање на реклами од 6 секунди, потврдувајќи ја објавата за нивно воведување овој месец.

Според AdAge, некои од првите реклами кои не може да бидат прескокнати се промоциите за Deadpool 2 и за Samsung Galaxy S9. Не е прикажувано колку време е преостанато до крајот на рекламата, се додека на притиснете на опцијата Прескокни и изненадување! Но сепак, не можете да ја исклучите рекламата.

Добра вест е дека овие реклами нема да се прикажуваат во постовите на вашите пријатели, туку само при листање во делот на  Snapchat Discover од партнерите како што се Disney, NBC и сопственикот на MTV, Viacom.

Snapchat започна да ги тестира новите реклами бидејќи клиентите изразија незадоволство од просечното време за кое се прегледуваат рекламите, а тоа изнесува 2 секунди.

„Не можат да изградат стабилна платформа за реклами без промени,“ изјави Извршниот директор на дигиталната агенција Exec.

Иако не можете веднаш да ги исклучите новите реклами како претходно, сепак ги има помалку. Тие 6 секунди се се што добивате бидејќи не се поврзани со подолги видеа или промоции од е-трговија.