Компанијата Samsung за своите потрошувачи подготви две нови бои за смартфоните Galaxy S9 и S9 Plus, а тоа се Sunshine златна и Burgundy црвена боја.
Овие две бои ја проширија палетата на бои кои досега ги сочинуваа овие смартфони, а тоа се Midnight црна, Titanium сива, Coral сина и Lilac виолетова.
Смартфоните во новите бои навистина изгледаат одлично, но, засега ќе бидат достапни само за одбрани пазари.
Burgundy црвен модел ќе биде достапен веќе овој месец за потрошувачите во Кина и Јужна Кореја.
Кога станува збор за Sunshine златната варијатна, таа ќе се најде во продажба од јуни и тоа во Велика Британија, Австралија, Чиле, Германија, Хонг Конг, Јужна Кореја, Мексико, Русија, Шпанија, Тајван, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.
Нешто подоцна уредите со новите бои ќе пристигнат и на уште неколку пазари, но засега нема прецизни информации за тоа.
Ова не е прв пат Samsung да подготвува ексклузивни верзии за своите flagship смартфони само за одредени пазари.
Нешто порано оваа година беше соопштено дека верзиите на S9 и S9 Plus со интерна меморија од 128 и 256 гигабајти ќе бидат достапни само во САД.
Извор: Klix.ba