Многу заљубени парови одлучуваат да го кажат судбоносното “да“ со пристигнувањето на пролетта, одбирајќи ја оваа сезона инспирирани од прекрасните пролетни бои и генерално веселото расположение.
Неизоставен дел на секоја венчавка е фотографирањето. Секој од присутните гости сака на свој начин да го одбележи моментот кој му е особено драг. Сепак, дали сте размислувале колку е соодветно да го користите вашиот мобилен уред во вакви ситуации? Некои велат дека правилата постојат за да бидат прекршени, но како и да е, постојат моменти кога треба да се следи здравиот разум и да се водите по одредени бон-тон правила кои ќе ве насочат на тоа како да се однесувате во вакви мигови.
Самсунг направи водич за користење на паметни телефони и камери кога станува збор за ваквите најважни настани во нечии животи.
- Во текот на церемонијалниот дел од свадбената веселба, кој ја опфаќа регистрацијата во службата за венчавање и верското одбележување на истата, избегнете употреба на вашиот смартфон за фотографирање. Како дел од церемонијата на овие локации, секако, ангажиран е професионален фотограф. Уживајте во овие мигови, а вашиот мобилен уред чувајте го на сигурно – во вашата чанта или џеб. Не заборавајте да го поставите вашиот паметен телефон во тивок режим (silent mode).
- За нетрпеливите, одлична можност за креирање одлични фотографии од свадбата на која присуствуваат претставува излегувањето на младоженецот и невестата од самата локација, по завршувањето на било кој церемонијален дел. Воедно, ова е перфектна шанса да креирате видео со користење на “Super Slow-mo“ функцијата која ви ја нуди вашиот паметен телефон, затоа што во овој момент најчесто се фрлаат конфети, ливчиња од рози или ориз. Креирајте одлични снимки од миговите за паметење!
- Свадбениот прием е одлична “селфи“ можност! Додека невестата и младоженецот се дел од свадбената фотосесија или пак ја менуваат својата гардероба, креирањето на “селфи“ фотографии со пријателите е задолжително, затоа што, да бидеме искрени, сите сакаме да се “пофалиме“ како сме се дотерале за свадбената прослава на нашите драги личности и на какво прекрасно место се наоѓаме. Сепак, штом младенците се појават, во знак на добри манири, бидете со нив и дружете се!
- Паметен телефон оставен на масата? Никако! Дури и за воркохолиците ова не е прифатливо и не е доволно добар изговор! Вклучете се во разговор со луѓето со кои ја делите масата, а доколку ова не ви одговара, секогаш можете дискретно да се извлечете со вашиот мобилен уред или пак да најдете попријатно друштво.
- Невестинската торта е уште една можност за фотографирање која не смеете да ја пропуштите! Доколку сте љубител на снимањето на видео снимки, ова е одличен момент да пронајдете вистински агол за снимање и да направите уникатно видео, на пример, сечењето на тортата снимено од зад младенците за оригинален видео запис.
- Вечерната забава е одлична можност да направите голем број неверојатни фотографии во услови на слаба осветленост. Сепак, не заборавајте да се консултирате со луѓето кои ги има на вашите фотографии дали е во ред да ги споделите на социјалните мрежи, за да избегнете било какви непријатности.
- Доколку присуствувате на забавата по свадбата, задолжително снимете ги најзабавните мигови. Но, не ги споделувајте пред да се напиете добро црно кафе и аспирин следното утро.
Благодарение на карактеристиките како креирање на “Super Slow – mo“ видео запис и двојна камера од 12MP за фотографирање на неверојатни фотографии и преку ден и навечер, Самсунг Галакси С9 (Samsung Galaxy S9) и Галакси С9+ (Galaxy S9+) се идеалните паметни телефони со кои беспрекорни ќе ги зачувате омилените мигови во текот на свадбената сезона.
Поврзани артикли