Се чини дека големите технолошки компании цело време не мамеа.
Минатиот месец, Федералната комисија за трговија на САД објави изјава во која стои дека налепниците со натпис “Гаранцијата не важи ако ја скинете” се потполно нелегални.
Ова се добри вести за купувачите, но се додека компаниите ги ставаат овие налепници, многумина ќе бидат во страв да ги одлепуваат за да заменат или да поправат некој дел.
Федералната комисија го знае ова и поради тоа испрати писма на адреса на шест компании во кои стои дека имаат 30 дена да ги доведат во ред своите правила за гаранција, или ќе се соочат со правни последици.
Писмата ќе ги добијат шефовите на компаниите Sony, Microsoft, Nintendo, Hyundai, HTC i ASUS и прилично се директни:
“Тврдењата кои создаваат лажна перцепција дека гаранцијата ќе биде поништена поради користење на неавториизрани делови или сервис, покрај оние кои се наведуваат во гаранција, претставуваат измама казнива со закон.
Ова се добри вести за сите кои сакаат, или се приморани да извршат одредена поправка на своите уреди, а останува да видиме како ќе реагира големата шесторка.
Поврзани артикли