Xiaomi лансираше 100-инчен ласерски телевизор (ВИДЕО)

Кинескиот производител Xiaomi ја прошири линијата на телевизори со нов модел Fabulus F1 со дијагонала од 100 инчи. Она што е специфично кај новиот модел е фактот што Fabulus F1 не е традиционален телевизор, туку се базира на технологијата на ласерски флуоресцентен дисплеј.

Xiaomi Fabulus F1 се состои од два дела: ласерски проектор и специјална површина од 100 инчи. Нивната комбинација ви овозможува да постигнете светла и богата слика, како на конвенционалните телевизори. Освен тоа, сликата не исчезнува доколку во панелот удри силна светлина,  така што нема потреба да ги затворате прозорците за да гледате телевизија преку ден, па и при екстремно сончево време.

Проектираната слика има резолуција од 2214×1245 пиксели со сооднос од 16: 9. Покрај тоа, уредот е компатибилен со новата технологија ALPD 3.0, која обезбедува висок контраст на боја, нема дигитален шум и има мала потрошувачка на енергија. Цената на Xiaomi Fabulus F1 во Кина е околу 1100 долари.