Одборот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент неодамна го ажурира прашањето за уникатен полнач за електронски уреди
– Директивата јасно налага дека Комисијата треба да развие уникатен полнач. Сепак, Комисијата досега само ги собрала претставниците на индустријата и разговарала за можно решение. Конкретни рокови не се договорени. Бидејќи помина долго време, надлежниот комитет на Европскиот парламент бара да се ажурира прашањето за да се изврши притисок врз Комисијата. Гласавме да подигнеме расправа на ниво на пленарна седница во Стразбур – вели хрватската европарламентарка Билјана Борзан.
Стандардот веќе го имаме, но…
Ова не е првпат ваквата иницијатива да дојде од европските институции. Споменатата директива беше усвоена во 2014 година и ги обврзува производителите да воведат заеднички полнач, додека првите спецификации за уникатниот полнач со големите производители беа усогласени во 2009 година.
Мнозинството производители на мобилни телефони веќе користат некоја верзија на микро УСБ, па до одреден степен може да се користат полначи од разни произведувачи за да се наполни уредот.
Европската комисија процени дека на произведувачите треба да им се остави можност за доброволно приспособување на регулативата. Најголемата пречка е тоа што произведувачите не можат да се договорат за најефикасен начин за полнење на уредите и постојано развиваат нови технологии.
Пречка е и (пре)брзиот напредок на технологијата
Една од причините поради кои Комисијата се премислува за стандардизација е стравот да не се задуши иновацијата и да доведе до стагнација на квалитетот на уредот. Сепак, процените на Комисијата покажуваат дека делумната стандардизација може значително да заштеди. Парламентот го предложи безжичното полнење како нова технологија и заедничко решение, а инсистираше на тоа да биде со прифатлива цена.
Не би требало да има негативни ефекти на присилната стандардизација бидејќи стандардот како што е USB-C не зазема голем простор на самите уреди, што нема да влијае врз дизајнот и практичноста. Долгорочното решение би можело да биде безжичен полнач, но тој има одреден процент на загуба на енергија, а не може да се пофали ниту со брзото полнење, што по правило е побавно отколку полнењето со кабел.
Извор: Tportal.hr