Заменик Претседателот на Lenovo, Чанг Ченг претстави нов телефон кој што речиси целосно е екран. Ченг истакна дека екранот на новиот Lenovo Z5 ќе покрива 95 проценти од телефонот и во него ќе бидат вклучени 18 нови патентирани технологии.
Вториот човек на Lenovo, сепак, не кажа како планираат да ја вметнат предната селфи камера на уредот.
Произведувањето на телефон кој целосно е само екран се соочува со неколку предизвици. Електрониката што го контролира екранот мора да се смести некаде и исто така потребно е место и за предната камера.
Apple го реши првиот проблем со превиткување на OLED екранот околу задниот дел од уредот, но сепак мораше да се остави простор за предната камера.
Vivo Apex проблемот со предната камера го реши на тој начин што воведе посебен “џеб”, од кој што излегува камерата кога треба да се користи.
Lenovo објави дека ги има решено проблемите со четири нови технолошки пронајдоци како и 18 нови технолошки патенти.
Поврзани артикли