Lens е експериментална алатка за пребарување на Google која досега беше достапна преку апликациите Google Assistant и Google Photos.
Иако Google сѐ уште не е подготвен да излезе со самостојна Lens апликација, тие ќе ја преместат оваа алатка во камерите на неколку Android телефони.
Google ќе ја апдејтува апликацијата Lens со неколку корисни карактеристики кои би требало да се појават на вашиот телефон во следните неколку недели.
Најкорисната измена ќе биде „smart text selection“, која Google тврди дека ќе ви овозможи да го обележите и копирате секој текст кој ќе го видите во вистинскиот свет. Оваа опција немаше да биде толку корисна доколку Google на направеше неколку измени на апликацијата, па сега наместо прво да го сликате текстот за да можете да го обележите, тоа можете да го направите со едноставно скенирање со камерата од вашиот телефон.
Кога ќе ја насочите Lens алатката кон некој текст, таа ќе проба да разбере што значи текстот за да ве информира доколку нешто ви е нејасно. Од Google имаа прилично добро објаснување за оваа опција.
„Кога сте во ресторан и не знаете што значи името на некое јадење, насочете ја Lens кон него и таа ќе проба да најде слика за да ви илустрира какво е тоа јадење. За да го постигнеме ова требаше да ја научиме оваа алатка да препознава многу повеќе од само форми, туку и нивното значење и примена во реалниот свет. Тука ги искористивме годините на насобрано знаење преку нашата Search алатка“, стоеше во соопштението од Google.
Google исто така ја промовираше новата опција наречена „style match“, која би требало да ви помогне доколку не можете да одлучите што да облечете или да купите. Кога ќе ја насочите Lens кон некое парче облека, таа ќе пронајде друго парче облека кое прилега со тоа.
Lens би требало да биде вградена како алатка во камерите на телефони од производителите LG, Motorola, Xiaomi, Sony Mobile, HMD/Nokia, Transsion, TCL, OnePlus, BQ, Asus и секако, Google Pixel.
Поврзани артикли