Интернетот повеќе нема да биде третиран како општо добро, туку како комуналиите.

Правилата кои тврдеа дека интернетот е слободен и отворен за сите, познати и како “нет неутралност” – официјално ќе престанат да важат на 11. јуни.

Датумот на погубувањето на нет неутралноста се појави во известувањето што го издаде Федералната комисија за комуникации на САД.

За престанок на постоењето на неутралноста на интернет гласаа три члена (од 5) на Федералната комисија за комуникации во декември 2017. година.

Отстранувањето на неутралноста ќе им овозможи на телекомуникациските компании да контролираат која интернет содржина е достапна за корисниците и со која брзина можат да и пристапуваат.

 

Противниците на нет неутралноста веруваат дека интернетот би требало да се третира како комуналиите, како струја или вода, а премногу моќ во рацете на телекомуникациските компании во САД би можело негативно да влијае на животите на многу луѓе.

По 11. јуни, интернет провајдерите ќе имаат моќ да ги спречат луѓето да пристапуваат до одредени сајтови, да ја ограничуваат брзината на интернет за стримање на одредени содржини и да ја ограничат количината на достапен интернет.

На цела среќа, провајдерите сите ограничувања ќе мораат да ги откријат однапред, што на корисниците ќе им даде доволно информации во врска со тоа дали и натаму сакаат да ги користат услугите на одреден провајдер.