Иако поминаа веќе неколку дена од Мет Гала, сè уште се зборува за црвениот тепих и се сумираат сите детали. А, еден од нив беше и новата љубов на познатиот бизнисмен Елон Маск.
Откако минатото лето ја прекина врската со една од најубавите жени на светот, актерката Амбер Херд, славниот милијардер и заводник Елон Маск одлучи да ја открие својата нова љубов.
Елон на црвениот тепих прошета заедно со својата нова поубава половина, 16 години помладата канадска пејачка Грајмс.
Иако официјално не сакал да зборува за неговата емотивна романса, односно да ја потврди, светските медиуми се речиси уверени дека помеѓу нив има нешто повеќе од пријателство.
Да се потсетиме, познатиот медиум Пејџ Сикс пред околу еден месец известуваше за нивната романса која беше криена во тајност. Елон своевремено сподели песна од младата пејачка на својот Твитер профил, велејќи дека тоа е најдобриот музички видео запис кој го видел во последно време.
Le virage à 180 d’Elon Musk.
Passer d’Amber Heard à Grimes. C’est quel genre de genjustu ? pic.twitter.com/rx5BDX2IYi— Phee (@Pheefan) May 8, 2018
“Никогаш нема да бидам среќен. Легнувањето во празен кревет ме убива. Не дека не знам какво е чувството кога си сам во празна куќа: никој покрај себе, на креветот. Туку како да бидеш среќен во таква ситуација”, беа зборовите на Елон кога раскина со глумицата Амбер.