Популарниот видеосервис YouTube го тестира режимот „слика во слика” (PiP), а некои корисници на уреди со оперативнен систем Android веќе ја имаат таа можност.
Режимот им овозможува на корисниците да гледаат видео во „лебдечки” прозорец, а при тоа да пребаруваат на YouTube. Досега оваа можност им беше на располагање на корисниците на Android кои се претплатени на Red, претплатничката услуга на YouTube, а сега поголем број корисници на Android 8.0 Oreo би требало да го добијат PiP режимот.
YouTube Red е услуга која месечно чини 9,99 долари, а на корисниците им нуди пристап, односно гледање оригинални емисии, видеа без реклами и слушање музика без прекин преку музичката апликација YouTube.
Во јули 2017. година, Google потврди дека го комбинира YouTube Red со Google Play Music за да ја унапреди својата музичка понуда.