Првата Android P бета верзија сега е достапна, а она што е интересно е дека нема да биде овозможена само на Pixel смартфоните. Корисниците, исто така, ќе можат да ја испробаат бета верзијата и доколку поседуваат Sony Xperia XZ2, Xiaomi Mi Mix 2S, Nokia 7 Plus, Oppo R15 Pro, Vivo X21 или Essential Phone.
Ова е интересен развој на ситуацијата, кој го овозможи Project Treble. Покрај ова, бета верзијата ќе ги очекува и корисниците кои ќе се одлучат за набавка на претстојниот OnePlus 6 модел, кој ќе биде претставен подоцна во текот на месецот.
Корисниците својот смартфон ќе можат да го вклучат во бета тестирањето преку овој сајт, а во рок од неколку часа (или денови), ќе добијат over-the-air ажурирање, кое ќе ја инсталира бета верзијата на Android P. Оваа верзија е можно да се напушти во било кој момент, иако корисниците се предупредуваат да направат бекап на податоците на телефоните, бидејќи ќе бидат вратени на Oreo, а во тој процес ќе им се избришат податоците.