Се чини дека новиот потег на Apple е смислен само со цел компанијата да ги нервира полициските служби.
Apple планира во iOS да додаде безбедносна функција која целосно оневозможува испраќање податоци преку USB, доколку iPhone не е отклучен во рок од 7 дена.
На овој начин, компанијата ги расипува бројните начини на кои безбедносните служби извлекуваат информации од телефонот без дозвола на сопственикот.
Новата функција, наречена USB Restricted Mode е скриена во рамките на кодот на iOS 11.4 и го блокира USB влезот (иако уредот и натаму може да се полни), доколку теелфонот не е отклучен една недена.
USB портот ќе ги добие назад сите свои функции кога телефонот ќе биде нормално отклучен.
Многумина сметаат дека Apple одлучил да ја додаде оваа функција поради фактот дека полицијата и другите безбедносни служби, многу често “провалуваат” во iPhone уредите на лицата кои ги уапсиле или се осомничени за одредени злосторства. Секако, новата функција ќе ги штити податоците на вашиот iPhone и од злоупотреба при кражба.