Веста за тоа дека се судриле два автомобила во Аризона стана национална вест во САД и тоа само затоа што во сообраќајката учествуваше возилото на Wayman кое име автопилот режим.
Во петок во Аризона се судрија две возила, а едно од нив било опремено со современата технологија на Wayman. Снимката од пет секунди го прикажува автомобилот марка Honda Sedan како излегува од патот за да избегне сообраќајна несреќа, по што во втората лента удира во автомобил марка Waymo.
Од Waymo потврдија дека во моментот на несреќата, со автомобилот управувал возач, односно дека автопилотот не бил вклучен. Компанијата објави и снимка од автомобилот на која се гледа како дошло до сообраќајката и дека возачот на нивниот автомобил едноставно бил жртва на околностите.
Right now: Pretty gnarly crash with an @Waymo van in Chandler, AZ. No visible injuries. pic.twitter.com/xBLYfDsQP7
— Matt Jaffee (@mattjaffee) May 4, 2018
Американските медиуми надведуваат дека вниманието на јавноста посветено на оваа несреќа, на најдобар начин го опишува стравот на јавноста од новите технологии кои ги развиваат компаниите како Waymo и Tesla.
Mashable потсетува дека за тоа многу придонеле и бројните инциденти со несреќен исход, како оној од март кога смртно страдаше возачот на моделот Tesla X додека во автомобилот бил активен автопилотот.
Поврзани артикли