По забраната за ZTE во САД, кинеската компанија и Google почнаа да ги разгледуваат последиците и тоа дали ZTE ќе се најде во позиција да не може да го користи Android на идните телефони.
Во истовреме, се појавија шпекулации дека ZTE можеби ќе создаде сопствена верзија на Android – оперативен систем кој нема да ги има Google сервисите како што е Play Store. Во прашање е секако потег кој не би му се допаднал на Google.
Меѓутоа, се испостави дека ова не се само шпекулации, иако во прашање е целосно друга компанија. Huawei веќе со години работи на своја алтернатива на Android за да биде подготвен за проблемите кои само што се појавија.
Huawei е втор најголем производител на смартфони во светот, веднаш зад Samsung, но се чини дека тоа не е доволно да ја спречи продажбата на неговите телефони во САД. Можеби во прашање не е идентична забрана, но компанијата се подготвува за овој момент од 2013. година, пишуваат кинеските медиуми.
Луѓето запознаени со тематиката тврдат дека Huawei над шест години работи на усовршување на својот оперативен систем, кога властите во САД почнаа да ги истражуваат овие две компании.
Оперативниот систем наводно не е добар како Android и поради тоа уште не е официјално претставен.
Еден од најголемите проблеми е малиот број апликации, а не е познато ни дали сервисите на Google ќе бидат ембедувани во него – а тоа е нешто што интернационалните купувачи секако ќе го бараат.
Ова се вести кои секако нема да го израдуваат Google, но од друга страна, неуспешниот обид на Samsung да направи сопствен оперативен систем (Tizen) е доказ дека не е лесно да се разбие доминацијата на Android.
Поврзани артикли