Kомпанијата Нови Системи од неодамна ја претстави апликацијата Novobox Cloud на домашниот пазар. Се работи за прва и единствена апликација од ваков тип кај нас, преку која корисниците можат да складираат и да пристапуваат кон своите податоци од било кој уред во секое време.
Novobox претставува вистинско решение со кое корисниците имаат можност да ги складираат, организираат и потоа да ги користат фајловите без да ги симнуваат на нивниот локален диск. Novobox веб и мобилните апликации имаат вградени медиа плеери со кои корисниците директно ќе можат да ја слушаат музиката или да ги гледаат видеата коишто ги прикачиле. Тие можат да ги синхронизираат податоците меѓу сите паметни уреди што ги употребуваат односно, мобилен телефон, таблет или лаптоп користејќи ја оваа апликација. Дополнителна предност е што овозможува прикачените фајлови да се споделуваат со било кого, било каде во светот, а притоа на располагање има алатки со кои се заштитуваат документите со лозинка, се става временско ограничување на достапност на линкот и сл.
Според изјавата на проект менаџерот на компанијата Нови Системи, Novobox има за цел да се бори на светскиот пазар понудувајќи огромен спектар на можности.
„Novobox платформата е изградена со најсовремена и најбезбедна технологија овозможена од мрежата на CenturyLink која е присутна насекаде, односно користи 60 дата центри низ целиот свет кои овозможуваат 100% сигурност на прикачените податоци. Оваа алатка за синхронизација и споделување одговара за сите видови корисници, индивидуалци, мали компании или пак големи корпорации. Драго ми е што компаниите и приватните корисници за релативно кратко време нѐприфатија и нѐ поддржаа како македонска стартап компанија, која има тенденции да конкурира на најпознатите апликации и да го освои светскиот пазар.“ – изјави Ненад Милевски, проект менаџер на Novobox.
CenturyLink е една од водечките светски компании од областа на телекомуникациите, оптичкиот интернет, безбедносни услуги и cloud технологиите.
Пристапот до фајловите на Novobox е овозможен преку веб платформа, Android, iOS и Windows PC, преку што се овозможува преглед, синхронизација, споделување и организирање на истите под контрола на корисникот. Пристапот е овозможен од секое место во секое време.
Поврзувањето до Novobox Cloud e преку нивната веб-страница преку било кој пребарувач, a плаќањето за користење на услугата може да се изврши со картичка или ексклузивно преку мобилен телефон само за корисниците на Vip постпејд и припејд мобилната телефонија.