Дури и да немате инсталирано Photoshop, можете да направите вашите фотографии да изгледаат професионално со помош на неколку бесплатни алатки.

Let’s Enhance

Многу важна работа за крајниот квалитет на сликата е таа да биде во вистинската резолуција. Доколку сметате дека оригиналната слика е со премногу мала резолуција, или пак едноставно сакате да ја измените и да го подобрите нејзиниот квалитет, тука е Let’s Enhance. Оваа бесплатна онлајн алатка ќе ви овозможи да ја зголемите резолуцијата на сликата со тоа што ќе ги пополни празнините и ќе ја направи сликата мазна. Постои и опција да платите за да имате неограничен број слики, но тоа можете да го направите откако ќе ги потрошите првите 15 фотографии кои ви се дадени бесплатно на овој вебсајт.

Deep Art е направена од страна на академици од Европа и таа ќе ви овозможи да додадете ефекти на вашите слики, без да има потреба да плаќате за нив. Сѐ што треба да направите е да одберете слика која сакате да ја измените и потоа да одберете слика која сакате да послужи како пример за филтерот кој ќе го одбере оваа алатка. Неколку минути подоцна, финалниот резултат ќе ви биде испратен по мејл.

Доколку ви е потребно да додадете текст на некоја слика, тогаш Pablo е вистинската алатка за вас. Pablo е бесплатна, брза и едноставна алатка која за вас ќе го изработи идеалниот текст кој сакате да го вметнете на сликата. Дури и ако немате слика која сакате да ја обработите, на оваа алатка можете да најдете преку 600.000 бесплатни слики кои можете да ги искористите. Со оглед на тоа дека Pablo функционира за да им помогне на вработените во маркетинг индустријата, од оваа алатка можете да очекувате високо ниво на професионалност.

 

Pine Tools

Имате слика која е темна и не ви се допаѓа тоа? Обратете се кон Pine Tools, и оваа алатка магично ќе ја подобри вашата слика. Потребно е само да ја одберете сликата која сакате да ја уредите и потоа да го наместите слајдерот до онаму каде што јачината на ефектот ви изгледа идеална. Pine Tools има и други опции за подобрување на квалитетот на сликата, а нив можете да ги видите внатре во самата алатка.

Canva најчесто се користи за графички дизајн, но тоа не значи дека вие не можете да имате корист од нејзината употреба. Она што ја одвојува од сите други слични алатки е големиот број на ефекти кои ги нуди, а кои се користат на истиот начин како на Instagram. Единствената негативна страна е што не постои слајдер кој ќе одреди која ќе биде јачината на ефектот, но затоа можете дополнително да ја уредите сликата со тоа што ќе ги подесите светлината и контрастот.