Публикацијата South China Morning Post објави дека Huawei развива сопствен мобилен оперативен систем (очигледно има верзии за таблети и дури PC), откако заедно со ZTE се соочуваат со американска истрага уште од 2012 година. Ова се смета за инвестиција за „најлоши можни сценарија“, велат внатрешните извори. Компанијата не го објавила овој оперативен систем, бидејќи не е на нивото на одржување на квалитетот и апликациите на Android, додаваат тие.
Huawei не го потврди или негираше постоењето на софтверот, велејќи само дека „нема планови“ да пушти свој оперативен систем во „блиска иднина“. И ако има таков, комапнијата не се брза да го користи.
Сигурно нема да биде изненадување ако Huawei има подготвено сопствен софтвер. Од една страна, концептот не е нечуен: Samsung ги прави телефоните на Tizen делумно како „резервен план“, додека Apple развива OS X / macOS на Intel со години, во случај дека е потребно да се откаже од PowerPC (што веќе направи).
И како овие компании, Huawei веќе има сопствени прилагодени процесори развиени со помош на HiSilicon. Иако користи хардвер од трети лица за некои уреди, така на компанијата ќе и биде полесно да се откаже од американските производи, во споредба со некои од своите конкуренти
Поврзани артикли