Услугата за електронска пошта, Gmail, неодамна мина низ долго очекуваниот редизајн со голем број на корисни функции особено за апликацијата за мобилни уреди.
Откако на веб-сервисот се појави опцијата „snooze“, таа дојде и на апликацијата Gmail, но засега само за Андроид уреди.
Кога ќе допрете на нив и потоа на „snooze“ ќе можете да изберете за колку долго сакате да го одложите пристигнувањето на одредена порака: за неколку часа, неколку дена или повеќе. Доколку не ви одговара ниту една од предложените опции, можете да внесете датум по желба.
Доколку опцијата „snooze“ ја користите на веб верзијата, до неа се доаѓа со кликнување на часовникот во новото лебдечко мени кое се појавува кога со стрелката од глувчето ќе минете преку пораката.
Опцијата „snooze“ за Gmail на Андроид е достапна само за еден дел од корисниците, бидејќи станува збор за процес на ажурирање кој ќе се одвива етапно.