Нов полнач за електрични возила на шведско-швајцарска технолошка компанија „AББ“ претендира за најбрз во светот. Претставен на саемот за индустриски технологии „Hannover Messe“, системот може да наполни електрично возило за само осум минути.
„Тера хај Пауер“ работи при моќност до 30кВ и може да наполни електрично возило со доволно енергија за да поминете 200 километри само во рок од осум минути.
– Тој високоенергетски, брз полнач им обезбедува на електричните автомобили седум пати поголемо растојание за истото време на полнење, отколку кај претходните модели, вели Улрих Спиехофе директор на „AББ“.
Тој нагласи дека дигиталните системи за управување со таквите полначи овозможуваат нивно лесно поврзување со „бек-офис“ системите, платежните платформи или паметните мрежни системи.
Станува збор за брзи станици за полнење кои можат да играат клучна улога во масовната дистрибуција на електрични возила ширум светот, велат набљудувачите на пазарот.
Поврзани артикли