Иако Facebook веќе подолго го санкционира непосакуваното однесување на социјалната мрежа, досега не беше јасно што точно е забрането и компанијата често беше критикувана поради тоа.
Компанијата одлучи да ја исправи оваа грешка и првпат да ги објави стандардите според кои одлучува која содржина е забранета и откри какви објави може да доведат до блокирање на вашиот профил. Во објавата на блогот, од Facebook напоменуваат дека последиците од прекршувањето на овие правила можат да бидат различни, зависно од сериозноста на прекршокот и на вашите досегашни објави.
Ако некој ги прекрши овие правила на однесување, може да остане без профил, па дури и да добие доживотна забрана за користење на Facebook.
Погледнете ги сите работи кои никако не би требало да ги имате на својот профил.
1. Насилни содржини
Забрането е објавување на содржина која прикажува насилство и закани за насилство. Исто така, забранета е продажба на наркотици и оружје, како и промовирање насилни злосторства, кражба и измами. Поради таквите објави, освен забрана за пристап до „Фејсбук“, ќе добиете и полициска пријава.
2. Безбедност
Забрането е злоупотребување на нечии фотографии. Исто така, забранети се објави кои вклучуваат сексуална експлоатација на деца и возрасни.
3. Спорна содржина
Спорната содржина се отстранува истиот момент, а подразбира јазик на омраза, дискриминација, призори на насилство и голотија.
4. Сурови и бесчувствителни постови
Facebook ги дефинира овие постови како оние кои специфично ги таргетираат другите корисници и нанесуваат емотивна и физичка болка.
5. Лажни вести
Погрешното претставување на работите и вестите не е дозволено. Затоа Facebook ќе ви го избрише профилот ако се посомнева дека користите лажно име.
6. Барања во врска со содржината
Facebook ќе отстрани одредена содржина ако тоа го побарате од него. Ако некој умре, профилот на тоа лице ќе биде избришан ако побара некој член на семејството.
Покрај тоа, Facebook ќе го избрише профилот сако ако тоа го бараат државните органи.