Компанијата Volkswagen започна со продажба на маски за iPhone, кои се направени од делови на уништени автомобили поради од користење на телефон во текот на возењето.
Пишувањето пораки на паметен телефон во текот на возењето е опасно и неретко смртоносно. Тргнувањето на погледот од патот на секунда за да прочитате некоја порака може да биде кобно.
Во Шведска е усвоен закон кој забранува користење на телефон при возење, меѓутоа бројот на несреќи не е намален. Со таа цел, компанијата Volkswagen решила да ја подигне свеста и се здружила со компанијата NordDDB за производство на маски за iPhone 8 од остатоци од уништени автомобили кои настанале поради користење на мобилни телефони во текот на возењето.
„Знаеме дека лесно се случува да земете мобилен во рака за да одговорите на повик или да пратите порака. Но, во тој случај ризикот од сообраќајни несреќи е 23 пати поголем, затоа е важно да сфатите зошто е тоа толку важно. Веруваме дека маските ќе делуваат на возачите и ќе ги натераат два пати да размислат пред да посегнат по телефонот за време на возењето”, вели Јохан Карлсон, бренд менаџер на Volkswagen во Шведска.
Маските се рачно изработени, а секоја од нив е уникатна. Вкупно ќе бидат произведени 153 маски, а сите средства од продажбата ќе бидат донирани на шведската организација “Trafikskadefonden” која им помага на луѓето повредени во сообраќајни несреќи. Цената на една маска изнесува 69 долари.
Извор: Klix.ba