Американскиот автомобилски гигант Ford ќе престане да произведува автомобили. Компанијата планира да се насочи на производство на потешки и поголеми возила како џипови, пикап, комбе и теренски возила.
Единствените класични автомобили што ќе продолжи да ги произведува компанијата се легендарниот „мустанг“ и „форд фокус актив“. Ford ќе престане да ги продава возилата „фиеста“, „таурус“, „фјужн“ и постарите модели „фокус“ во САД и Канада.
И другите големи американски автомобилски компании, како „Генерал моторс“ и „Крајслер“ се движат во слична насока фокусирајќи се на потешки и поголеми возила, а препуштајќи им го автомобилскиот сектор на јапонските производители.