Истражувачите од Carnegie Mellon универзитетот и Disney Research од Питсбург почнаа со истражување на идејата на претворање на ѕидовите во гигантски свичови.
Во неодамна презентираното истражување се обработува идејата на креирање на ѕидови осетливи на допир. Истражувачите дури и креирале прототип, под името Wall++, кој ќе биде способен да го следи допирот, гестикулациите, да ги чувствува поблиските тела и да ги детектира и лоцира блиските апарати.
Со оглед на тоа дека ваквата идеја делува прилично скапо, истражувачите тестираа и начини на кои имплементацијата на ѕидовите осетливи на допир би можела да биде евтина. Ова вклучуваше тестирање на различни кондуктивни бои, нивна подготовка, дали е потребно некое премачкување и слично.
Дефинитивно се работи за интересен проект, каде што истражувачите замислуваат дека Wall++ на крај би можел да стане џиновски контролен интерфејс за управување со гаџети во домот. Со оглед на тоа дека засега се работи само за концепт, сигурно не очекуваат уште доста години развој додека Wall++ идејата не стигне и во домовите не корисниците.
Поврзани артикли