Исчистете ја вашата тастатура со овие три едноставни чекори.
Чекор 1: Со помош на фен за коса или правосмукалка (ладен воздух) исчистете ги сите трошки и прашина од тастатурата. Завртете ја тастатурата и добро протресете ја за да бидете сигурни дека од неа излегла сета прашина и трошки.
Чекор 2: За следниот чекор ќе ви биде потребна крпа и алкохол. Крпата не би требало да ја натопувате со алкохол,туку само навлажнете ја. Со влажната крпа исчистете ја тастатурата за да се ослободите од било какви лепливи нешта и да ги отстраните сите дамки.
Чекор 3: Исчистете ги сите тешко достапни места со помош на стапчиња за уши или можете да користите чепкалки за заби на кои ќе ставите малку памук.
Сега може да продолжите со работа!
Поврзани артикли