Според некои нови истражувања, човечкиот мозок има околу 86 милијарди неврони и со толкава количина можни врски меѓу нив, би очекувале лесно да паметиме се што сме доживеале во животот. Меѓутоа, во реалноста знаеме дека сеќавањето бледнее, а кај луѓето со деменција тоа е уште поизразено. За да помогнат, научниците со години истражуваат дали е возможно да се вгради некаков имплант за да се подобри природната состојба на мозокот.

Тим од Универзитетот на Јужна Калифорнија кој го предводи Донг Сонг кон крајот на минатата година го претстави она што го нарекува „мемориска протеза“. Станува збор за мала сонда со електроди кои можат да детектираат и да репродуцираат сигнали во делот од мозокот задолжен за паметење, хипокампусот. Ја всадија оваа протеза во мозокот кај 20 волонтери, кои веќе имаа електроди во мозокот поради лечење епилепсија.

Имплантите ја следеа активноста на мозокот во текот на тестовите кога им биле покажувани различни облици, а подоцна во текот на вториот тест ги повториле истите сигнали со надеж дека ќе се подобри моќта на паметење. Тестовите тогаш покажале подобрување на памтењето од 15% и на работното паметење од 25%.

Според новата студија, научниците се обидуваат да го хакираат комуникацискиот систем на мозокот со испраќање вештачки генерирани пораки. Во новата студија тоа успеале да го направат на исклучително високо ниво. Се фокусирале на епизодно паметење, односно на информациите кои се корисни одредено време како што се местото каде што сте се паркирале или каде сте ги оставиле клучевите, а тоа паметење може лесно да се оштети.

Извор: 24sata.hr