Компанијата Tesla привремено го запира производството на електромобилот „Model 3“, и покрај долгата листа на клиенти кои ги чекаат своите автомобили.
Компанијата соопшти дека треба прво да се решат проблемите коишто ги предизвикуваат стотиците илјади одложувања, за производството да продолжи, но сето тоа е предвидено во планот за работа.
– Нашиот план за производство на Model 3 вклучува и периоди не целосно запирање. Тие ќе послужат за усовршување на самите погони за производство, и нема да има негативни ефекти на истото, изјави претставник на компанијата за порталот The Verge.
Model S и Model X не се засегнати од овој планиран престанок со работа.