Кина започна тестирање на првиот соларен автопат во провинцијата Џина во источна Кина. Соларните панели се ставаат под слој на транспарентен бетон. Тие генерираат доволно енергија за напојување на светлата на автопатот, плус електрична енергија за околу 800 домови.
Патот е долг 1080 метри и опфаќа сообраќај од околу 45.000 возила дневно. Соларниот автопат беше изграден од „Qilu Transportation Development Group Co.“ Освен соларни панели, интелигентниот автопат исто така има мапи за сензори и електрични станици за полнење.
Кинеската влада планира да ја зголеми употребата на електрични возила до 2030 година. Планот вели дека за десетина години во Кина околу 10% од автомобилите ќе бидат и без возачи.
Изградбата на новиот автопат е во согласност со владината иницијатива „Произведено во Кина 2025“, чија цел е развивање на преработувачката индустрија во земјата, особено новите генерации возила, информатичката технологија и роботиката.