Во изминативе години се зголемува стравот на државите дека непријателски сили можат да ги исечат подводните кабли преку кои се пренесува интернет сообраќајот. Минатиот месец такво нешто се случи со Мавританија која при крајот на март остана без интернет сервисите во текот на два дена, бидејќи подводниот кабел бил скинат.

Покрај брегот на Африка кон Европа води подводен кабел кој е со должина од 17.000 километри и поврзува 22 држави со интернет пристап. Се проценува дека на 30-ти март овој кабел е скинат, па жителите на Мавританија и Сиера Леоне останаа без интернет. Квалитетот на интернет услугите беше сериозно намален и во Брегот на слонова коска, Сенегал, Екваторијална Гвинеа, Гвинеа, Гвинеа Бисао, Либерија, Гамбија и Бенин.

Засега не е познато како кабелот бил пресечен, но се чини дека владата во Сиера Леоне го има прекинато пристапот кон интернетот за да се обиде да влијае врз изборите кои се одржаа во тие денови. Во последните 5 години немало некој значаен проблем со овој кабел, но оваа ситуација го покажува потенцијалниот проблем, бидејќи дури 97% од вкупниот интернет сообраќај во светот поминува низ вакви кабли.