Научниците случајно развиле ензим што може да го јаде пластичниот отпад кој може да се искористи во борбата против еден од најлошите проблеми со загадувањето во светот, објави Си-ен-ен.
Истражувачите од британскиот Универзитет во Портсмут и Националната лабораторија за обновлива енергија на САД (NREL) ја откриле структурата на природниот ензим што се наоѓа во центарот за рециклирање отпад пред неколку години во Јапонија.
Целта на научниците била да ја проучат неговата структура, но тие случајно дизајнирале ензим што е уште подобар за разложување на ПЕТ-пластиката.
„Ние се надевавме дека ќе ја одредиме неговата структура за да помогнеме во протеинскиот инженеринг, но завршивме чекор подалеку и случајно изградивме ензим со подобрени перформанси при разложување на овие пластики“, рече водечкиот истражувач на NREL, Грег Бекам.
Откритието би можело да резултира со решение за рециклирање за милиони тони пластични шишиња направени од ПЕТ, кое моментно трае стотици години во животната средина, објави Универзитетот во Портсмут на својата веб-страница.