Социјалната мрежа Веибо, често нарекувана и „кинески Tвитер” сака да создаде „светло и хармонично пространство”, па по тој повод, новата политика на компанијата наложува содржините со хомосексуални елементи да се бришат.
Имено, платформата ќе ги надгледува текстуалните објави, видеата и игрите, и доколку содржат порнографија, крваво насилство и хомосексуални пораки ќе бидат трајно отстранети.
Интернет корисниците реагираа жестоко и оттаму произлезе и ознаката #IAmGay – како еден вид отпор кон таквата одлука.
– Како член на оваа група јас сум геј и сум горд на тоа… Одбивам да бидам дискриминиран или неразбран, напиша еден корисник.
– Дури и да ме тргнете, има десетици милиони како мене, напишал друг.
Првите „спорни“ содржини веќе се избришани.