Компанијата ZTE произведе концептен паметен телефон кој што има екран со таканаречен „заб“ на горната, но и долната страна, како и проѕирни рабови.
На долниот „заб“ се наоѓа зучникот свртен нанапред, додека на горниот е сместена селфи камерата, сензорот за амбиентална светлина како и звучникот за увото.
Кај концептниот паметен телефон на ZTE може да се каже, дека покрај забот на горната и долната страна, интересно е тоа што рабовите се провидни. За многумина токму провидните рабови прават телефонот да изгледа футуристички, а многумина пак сметаат дека на тој начин телефонот изгледа како да е ставен во коцка мраз.
ZTE Iceberg има две задни камери и сензор за отпечатоци на прсти исто така сместен на задната страна од телефонот. Уредот е опремен со паметен конектор кој би можел да го претвори телефонот во уред со зум камера, нешто слично како што може да се направи и со Moto Z.
Овој паметен телефон на ZTE се очекува да се појави на пазарот веќе идната година, но исто така постои шанса да остане само и во фаза на концептен телефон.
Поврзани артикли