Резултатите од истражувањето на компанијата Strategy Analytics покажуват дека дури четири од пет поранешни корисници на Samsung се задоволни од смартфонот на Apple, iPhone X, но сепак сметаат дека цената е превисока.
Иако iPhone X ја оправдува цената во смисла што може да замени камера, таблет, па дури и компјутер, многу компании му замеруваат на Apple поради цената која е највисока на овој уред досега.
Сепак, поранешни корисници на Samsung, освен за цената немаат други замерки, па така, дури четворица од петмина се импресионирани од опциите кои ги нуди iPhone X.
Додека Strategy Analytics не наведе бројка на луѓе кои својот Samsung смартфон го замениле со iPhone, резултатите покажуваат дека најмалку задоволни се оние во обратна ситуација, кои од iPhone се префрлиле на Galaxy S8.