Новата опција на WhatsApp би можела да направи проблем

WhatsApp планира да воведе опција која би можела да засрами многумина.

Новото ажурирање на оваа апликација ќе донесе опција која би можела да ги снима вашите тајни и да ги праќа до вашите пријатели, пишува Daily Mail.

Иако веќе постои функција за снимање гласовни пораки, ажурирањето на оваа опција носи и можност да снимите гласовна порака и без да го „притиснете“ копчето.

Поради тоа, постои можност случајно да го „придвижете заклучениот запис“ и да го испратите до пријателите, без да обрнете внимание на тоа. Водете сметка вашиот телефон да биде заклучен за да ја избегнете можноста од „самоактивирање“.

Корисниците на уреди од Apple веќе ја имаат оваа опција на WhatsApp , а наскоро би требало да ја добијат и другите мобилни телефони.

Извор: B92.net