На 24 април, Spotify организира прес-конференција во Њујорк на која ќе објави информации за своите производи. Ова се случува неколку дена по дебито на берзата, и од информациите што досега се објавени, јасно е дека шведската компанија може да не изненади со премиера на својот прв хардверски уред. Во последниве денови, има докази за постоење на плеер за автомобил, кој ќе им овозможи на возачите со гласовни команди да ја управуваат музиката.
Одредени корисници на услугата уште во февруари добија понуда за купување на нов уред за годишна претплата од 155 долари, која ја вклучува цената на хардверот и пристапот до стриминг на музика. Сликата прикажува мал уред со кружен дисплеј и копчиња за стартување на музика. Според The Verge, други корисници добиле понуда од 14,99 долари плус поддршка за гласовниот асистент Amazon Alexa, а на трети им била прикажана понуда за 4G уред кој работи независно од паметните телефони.
Сите овие реклами беа забележани во февруари од мал број на корисници, што укажува на тоа дека се работи за тест или предвремено прикажување на информациите. Засега не постои индикација дали овој уред ќе биде во фокусот на настанот на Spotify на 24. април, но во февруари се појавија огласи за работни места во компанијата, кои покажаа дека таа работи на хардверски производи и во последниве неколку месеци активно го тестира гласовното управување на апликацијата.