Централата на Twitter соопшти дека од 2015. година се укинати повеќе од милиони профили на кој се „промовира тероризмот”, што е сигнал дека на оние кои повикуваат на насилство не им е место на социјалните мрежи.
„И натаму бележиме големи позитивни резултати од повеќегодишното настојување нашата мрежа да ја направиме непожелно место за оние кои го промовираат тероризмот, што има за последица дека на Twitter има се помалку такви активности”, порачуваат од централата на социјалната мрежа.
Twitter во последните месеци ги засили напорите на контрола поради укинување на оние со радикални содржини и говор на омраза, под се поголемиот притисок на САД и Европа.
Инаку, во последниот извештај за транспарентноста на работата на оваа мрежа, заклучно со 31. декември минатата година, се наведува дека помеѓу јули и декември поради насилството поврзано со тероризам се укинати 274.460 профили, а од 1. август 2015. година – 1,14 милиони налози.