Со напредокот на новата технологија секогаш можеме да ги доловиме најмалите детали околу нас и да посветиме повеќе внимание на она што не опкружува. Но, дали некогаш сте се запрашале како би изгледало да ги погледнете рибите од вашиот аквариум од блиску, односно да бидете во водата, во аквариумот, заедно со нив. Да се нурнете самите е тешко изводливо, освен ако немате голем аквариум во кој може комотно да ве собере.
Доколку аквариумот е мал, тогаш решението е внатре да спуштите мобилен телефон со вклучена камера. Сепак, не секој мобилен издржува под вода. Водата може да го оштети уредот набргу откако ќе го потопите. Решивме да направиме еден експеримент и да го тестираме мобилниот уред на Samsung, моделот Galaxy S8+, и да видиме дали ќе успееме да ги доловиме на фотографија аквариумските риби со сите нивни детали.
Мобилниот Galaxy S8+ го оставивме под вода десетина минути. За тоа време фотографиравме и снимавме, а камерата работеше беспрекорно. Ни долови кадри кави што не би ги снимиле доколу тоа го правевме од надвор, преку стаклото од аквариумот.
Според спецификациите, уредот може да издржи под вода до половина час и тоа на длабочина поголема и од 1,5 метри. Тој може да „нурка“ исклучиво во слатка вода. Не е препорачливо да се потопува во солена вода, зашто солта ги разјадува неговите конектори и лесно може да дојде до куса врска.
Воедно, тоа што мора да се внимава е телефонот добро да го исушите штом ќе го извадите од вода. Самиот Galaxy S8 има индикатор кој ќе ви испрати предупредување дека е детектирана влага во конекторот за полнење. Тоа значи дека не смеете да го поврзувате со полнач додека не се исуши од влагата.
–