Услугата за стриминг на музика, Spotify од вчера е јавна компанија која надминува по пазарна капитализација гиганти како што се CBS, Twitter, Snap и Viacom.
Spotify е основана пред 11 години, но сега нејзините акции почнаа да се тргуваат на њујоршката берза. Пред почетокот на тргувањето, акциите на компанијата чинеа 132 долари по акција, што значи пазарно вреднување од 23 милијарди долари – за споредба, пазарната капитализација на „Твитер“ изнесува околу 21 милијарда долари.
Минатата година, менаџментот на Spotify објави скромни планови за „ИПО“ (првична јавна понуда), потпирајќи се на пазарна вредност од 10 милијарди долари.
Тргувањето вчера почна со 165,9 долари за акција, а речиси 5,6 милиони акции на компанијата беа продадени во вкупна вредност од околу 1 милијарда долари. Во тоа време, пазарната капитализација на Spotify изнесуваше 29,5 милијарди долари.
Во текот на денот, максималната цена на акцијата достигна 169 долари, но трговијата на крајот заврши со 149 долари. Сегашната вредност на компанијата изнесува 26,4 милијарди долари.
Поврзани артикли