Набрзо по претставувањето на Галакси С8 (Galaxy S8), компанијата Самсунг го лансираше импресивниот редизајн на Самсунг Гиар 360 (Samsung Gear 360), кој влезе во Самсунг каталогот на премиум производи.
Samsung Gear 360 пристигна со намалена камера – од двојните објективи за леќите од 15 мегапиксели до двојни објективи со 8,4MP рибино око. Сепак, и покрај помалите леќи, Gear 360 сега може да снима во 4K или да емитува во живо во 2K резолуција. Дополнително, ажурираната апликација Gear 360 го прави новиот хардвер компатибилен со поширок спектар на телефони. Исто така, новата камера користи USB-C наместо microUSB, а сѐ уште постои и слот за SD картичка.
Први импресии
Gear 360 е лесен и едноставен за употреба, се што ви е потребно е само да имате Самсунг телефон. За да започнете, ќе треба да ја преземете апликацијата Gear 360 од продавницата за Галакси (Galaxy Store). Следете ги едноставните упатства за поставување. Корисниците на моделите Галакси С8, С7 и С6, како и Ноут5 (Note5) и Галакси A5 и A7 сопствениците треба само да го вклучат апаратот и да почекаат неколку секунди за да се воспостави врска.
Откако ќе се поврзат, ќе видите серија опции. Фотографиите и видеата што сте ги направиле може да ги погледнете во галеријата, а копчето за пренос во живо овозможува да ја пренесе вашата содржина директно на YouTube или на Facebook. Додека снимате или емитувате, ќе можете да ја следите снимката во живо, а кога ќе завршите, таа ќе биде снимена во галеријата од апликацијата.
Контролите на Gear 360 камерата се супер едноставни, со две копчиња за вклучување и мени, и големо копче за снимање на предната страна. Лесниот, но сепак цврст дизајн на Gear 360 е дефинитивно одличен за патување, а батеријата од 1.160 mAh е повеќе од доволна за долга сесија снимање. Gear 360, исто така, прави симпатични звуци кога неговите копчиња се притиснати, давајќи им “BB8“ или “R2D2“ вибрација.
Покрај изборот која камера сакате да ја користите (напред, назад, или и двете паралелно), постојат неколку режими за снимање кои ќе го променат начинот на снимање видеа. Режимот 360 степени дава стандардна кружна слика, додека кружниот режим е вид на бучен поглед, проектирајќи од земјата нагоре. Растегниот режим го елиминира рибиното око и ја стабилизира сликата. Двојниот режим ги прикажува предните и задните слики во исто време, а панорамскиот режим ја става целата сцена во една единствена снимка. Видеата можете да ги гледате и со VR слушалки.
Со својот компактен дизајн, Gear 360 ве поттикнува да го подигнете и да го користите рачно, но воедно постои и завртна дупка на дното на самиот уред како би имале можност за да прикачите статив.
Gear 360 прошетка низ Градскиот Парк
USB.mk ја тестираше Gear 360 камерата и направи снимка од пролетната атмосфера во Градскиот Парк во Скопје. Видеото има најдобар квалитет доколку го гледате во 4К резолуција. Погледнете го и споделете ги вашите впечатоци.
Поврзани артикли