GoPro вчера го претстави новиот основен модел на камерата Hero, која освен со пристапната цена од 199 долари, корисниците ќе ги привлече со опции како екран осетлив на допир со дијагонала на 2 инча и водоотпорност до десет метри.
Од компанијата велат дека нивните истражувања и рекациите на корисниците на нивните уреди покажале како и во основните, односно најевтини модели корисниците најмногу ги бараат токму овие две опции – тач скрин и водоотпорност (без користење на дополнително куќиште), така што во GoPro веруваат во одлична продажба на новата камера.
Со Hero можат да се снимаат Full HD и 1440p видеа при 60, односно 30 fps, фотографии со резолуција од 10 мегапиксели и time-lapse фотографии и видеа во интервали од половина секунди.
Меѓу другите карактеристики влегуваат Wi-Fi и Bluetooth способности, гласовното управување и компатибилноста со функцијата Quik Stories во апликацијата на GoPro.
Meet #GoProHERO. A proven design, simplified for just $199. Wherever life takes you, capture and share your story for the perfect price.Learn more here: http://bit.ly/2pQpov5
Posted by GoPro on Четврток, 29 март 2018