Според официјалното соопштение, Playboy се повлекува од Facebook. Сите профили на Playboy Enterprises со вкупно 25 милиони фанови сега се затворени. Така тие станаа втора голема организација која се повлече од социјалната мрежа по скандалот со Cambridge Analytica.
Минатата недела ова го направија Теsla и SpaceX на Елон Маск.
Во соопштението за медиумите, исто така, се вели дека неодамнешните откритија во однос на податоците за потрошувачите, кои протекуваат без дозвола од луѓето, ја потврдија одлуката на компанијата да ја прекине својата активност на платформата.
Playboy додава дека не сака „да ги изложи своите фанови на опасностите од овој вид пракса“.
Вреди да се напомене, сепак, дека во Instagram, сопственост на Facebook, профилите на Playboy, SpaceX и Telsa сè уште се активни.