Петтата генерација на SUV моделот RAV4 неодамна ја имаше својата светска премиера во Њујорк, а автомобилот ќе пристигне на европскиот пазар во првиот квартал од 2019 година.
Додека купувачите на северноамериканскиот континент ќе можат да го набават автомобилот до крајот на оваа година, Европјаните ќе мора да причекаат за новиот RAV4.
Toyota соопштила дека новиот SUV на Стариот континент ќе пристигне во првото тромесечје од следната година. И додека американскиот RAV4 за погон користи 2.5-литарски бензинец, на европскиот пазар се очекува да пристигне со 2.0-литарски агрегат.
Како што е најавено, понудата за американскиот пазар содржи две верзии, со два различни пакети – Limited и Adventure, плус хибридна варијанта наречена XSE.
Засега не е познато во кои пакети Toyota ќе го продава новиот RAV4 во Европа, и дали и во која мера европската верзија ќе се разликува од американската.
Цената исто така останува непозната, а истата ќе се дознае по европската премиера на овој модел.
Токму како и во САД, RAV4 е еден од најбитните модели на Toyota во Европа.
Поврзани артикли