Познато е дека социјалната мрежа Facebook ги следи своите корисници на различни начини, а компанијата Mozilla одлучи да понуди заштита, па подготви екстензија за својот прелистувач Firefox.
Новата екстензија наречена „Facebook Container“ им овозможува на корисниците на Firefox да ја изолираат својата активност на Facebook, односно на оваа социјална мрежа и е отежнато следењето на активностите на нивните корисници и на други места на интернет.
Целта е она што корисниците го пребаруваат на интернет да не се појавува на нивниот news feed на Facebook.
„Страниците кои ги посетувате на интернет можат да откријат многу за вас. Можат да откријат каде живеете, какво хоби имате, како и вашата политичка определба. Постои огромна вредност во поврзување на овие податоци со вашиот профил на социјалните мрежи, а Facebook има мрежи на различни сајтови“, велат од Mozilla.
Сепак, екстензијата е далеку од совршено решение, бидејќи таа нема да биде ефикасна на страниците кои им овозможуваат на корисниците да направат профил и да се логираат на Facebook.
Надградбата од Mozilla доаѓа во време на скандалот кој го тресе Facebook, поврзан со компанијата Cambridge Analytica, која искористила податоци од 50 милиони корисници на оваа социјална мрежа без директна дозвола.
Пребарувачот не спречува пристап, но им дава на корисниците повеќе контрола над типови на податоци до кои Facebook има пристап.
Од Mozilla најавија и дека ќе го „паузираат“ рекламирањето на Facebook, додека основачот и директорот Марк Закерберг не преземе сериозни мерки со цел за заштита на податоците.
Поврзани артикли