За време на презентацијата на својот нов флегшип смартфон Mi Mix 2S, Xiaomi објави нови два други уреда.
Првиот е гејмерскиот лаптоп Mi Gaming. Тој е со дебелина од 20,9 mm и тежи 2,7 килограми. Основната конфигурација нуди 15,6-инчен FHD дисплеј, процесор Intel Core i5, графичка NVIDIA GeForce GTX 1050 Ti, 8 GB RAM меморија, 128 GB SSD и хард диск со капацитет 1ТВ.
На пазарот ќе се нуди и опција со процесор Intel Core i7, 16 GB RAM, 256 GB SDD, 1ТВ хард диск и GeForce GTX 1060.
Од Xiaomi посебно се пофалија со богатиот спектар порти на својот лаптоп. Тој вклучува неколку HDMI 2.0 излези, USB Type-C, Ethernet и USB 3.0. Стерео звучниците се со моќност од 3 вати и поддржуваат Dolby Atmos.
Посебно внимание се посветува на ладењето. Според производителот, вентилаторите можат да ја намалат температурата на лаптопот од 3 до 5 степени во рок од 10 минути во специјалниот режим „Торнадо“.
Цените на Mi Gaming стартуваат од 5.999 јуани (956 долари) за верзијата со Core i5 и стигнуваат до 8.999 јуани (1.435 долари) за варијантата со Core i7 и GeFoce GTX Ti 1060.
Would you like instant access to over 35 million books and songs? You need to get your hands on our new Mi AI Speaker mini! pic.twitter.com/KyoY7JtLip
— X i a o m i (@Xiaomi) March 27, 2018
На крајот на презентацијата беше прикажан и новиот паметен звучник Mi AI Speaker Mini, кој е исклучително компактен во дизајнот. Уредот располага со гласовен асистент, интеграција со други паметни додатоци и пристап до онлајн колекција од 35 милиони книги и песни.