И покрај тоа што човештвото ја проучува човечката анатомија веќе неколку илјадници години, научниците се уште откриваат нови тајни на човечкиот организам.
Научници од Лангон, медицинскиот центар во Њујорк, идентификувале нов вид на орган, кој би можел да биде најголемиот во телото.
Научниците сфатиле дека, она што некогаш се сметаше за густо поврзувачко ткиво кое се протега низ целиот организам, е всушност мрежа на комори исполнети со течност, кои служат како некој вид на „амортизери“, односно орган за ублажување на удари.
Ова откритие не само што ќе овозможи подобро разбирање на човечкото тело, туку може да даде одговор и на прашањето зошто канцерот се шири брзо кога ќе стигне до поединечни делови на телото.
Наречени „Interstitium“, овие поврзани делови се однесуваат како единствено место на проток на течности, кои се простираат од површинскиот слој на кожата, преку дигестивниот тракт, белите дробови, уринарниот систем, до крвните садови.
Повеќе од половина од течностите во човечкото тело се наоѓаат во клетките, седмина се наоѓа во срцето, крвните садови, лимфните жлезди и лимфните клетки, а преостанатиот дел го сочинува меѓуклеточната течност.
Научниците пренесуваат дека меѓуклеточната течност ја пренесува токму interstitium, кој е посебен орган.
Поврзани артикли